По повод патронатот на Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, Универзитетскиот спортски центар организира Планинарска тура на планината Бистра, искачување на врв Меденица. Планинарската тура ќе се одржи 24 март 2024 година (недела).
Важни информации за подобро организирање на истата:
Време на поаѓање: 7.00 часот, пред Стар Ректорат – Штип, со организиран превоз на УГД.
Патека на планинарската тура: поаѓање од с. Галичник до врвот Меденица, кој е највисок врв на планината Бистра. Неговата надморска височина изнесува 2.163 метри, со висинска разлика од 700 метри, должина на патеката е 10 км во двата правци. Време на искачување околу 2 часа, време за враќање назад 2 часа.
Време на враќање: 16.00 часот (зависи од темпото на движење на групата).
Опрема
Секој учесник треба да има соодветна опрема:
- спортски патики или чизми за качување;
- ранец и планинарски стапчиња;
- удобна спортска опрема (по можност памучна или слоевита маица);
- шушкавец или дуксер;
- кабаница, капа, очила за сонце;
- вода 1 литар;
- храна, пожелно е да има еден оброк (по свој избор).
Патеката по која ќе се движиме за оваа планинарска тура е рамна, со мали нагорнини и добро е обележана и истата се категоризира како лесна патека.
Сите заинтересирани студенти и вработени на УГД може да се пријават за учество на Планинарската тура „Бистра – Меденица“, најдоцна до 20 март 2024 година (среда) до 12.00 часот, на следнава е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk и телефонски број: 072/252-052.
Ванчо Барбареев