Search
|     contact@ugd.edu.mk

Историја – „УГД Штип“ го освои Купот на Македонија во одбојка!

Споделете

Одбојкарите на „ УГД Штип “ испишаа историја – на Штип му ја донесоа првата титула, освојувајќи го одбојкарскиот Куп на Македонија!

Победа во финалето за штипските одбојкари со 3:2 во сетови против Струмица, екипа која долги години доминира во македонската одбојка. Во една прекрасна атмосфера и одлична организација од страна на Штип и на УГД. Штип УГД на два пати се враќаше, по водствата на Струмица од 1:0 и 2:1 во сетови, за да во одлучувачкиот петти сет ја потврдат сензацијата која се чувствуваше во Спортската сала „Јордан Мијалков“. Кај избраниците на тренерот Кристијан Ристески најистакнати беа Задмард кој забележа 26 поени и Стефан Алексов со 21.

Резултат по сетови: 22:25, 25:22, 19:25, 25:21 , 15:13.

Во полуфиналето, „УГД Штип“ беше доминантен против „Работнички“, го победи со сигурни 3:0 не препуштајќи му на противникот ниту сет. Струмица, исто така, со максимални 3:0 ја совлада екипата на „Лирија“.

Во женска конкуренција, победнички на Купот се одбојкарките на Струмица, кои во финалето со 3:0 победија против „Јанта волеј“.

Ова е историја за спортот во Штип, посебно со оглед дека во одбојката Штип со екипата на „Младост“ имаше успешни настапи во 70-тите и 80-тите години, потоа и во 90-тите, како „Младост Мелита“, но никогаш нема освоено титула. Затоа, овој успех на одбојкарите на „УГД Штип“ е навистина историски.