Search
|     contact@ugd.edu.mk

Ликовна визија – Фестивал на уметноста на Ликовната академија при УГД

Споделете

Во период од 15 до 17 мај 2024 година, Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организира ликовно-едукативен настан со наслов „Ликовна визија – Фестивал на уметноста“.

На Фестивалот ќе учествуваат студентите на Ликовната академија при УГД – Штип, како и петнаесетина талентирани ученици од средните училишта во Штип: СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, СОУ Текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ – Штип и СОУ ЕМУЦ „Никола Нехтенин“ – Штип.

На првиот ден од настанот, 15 мај, предавање и мастер клас ќе одржи проф. м-р Мирослав Живковиќ од Факултетот за уметности во Ниш, Р. Србија.

Вториот ден од настанот, 16 мај, предавање и мастер клас ќе одржи  македонскиот сликар Ангел Коруновски.

Третиот ден од настанот, 17 мај, од 11 часот во просториите на Ликовната академија ќе биде отворена Ликовна изложба на познатиот македонски сликар Родољуб Анастасов, додека истиот ден во Домот на културата во Виница ќе биде отворена Ликовната изложба со наслов „Сликарството на Ликовната академија во Штип“.