Search
|     contact@ugd.edu.mk

Музичката академија го организира второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика

Споделете

Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ го најавува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика.

Фестивалот предвидува концерти на многу познати светски имиња од различни држави, а воедно и мастеркласови кои овие врвни уметници ќе ги одржат за студентите од Музичката академија.

Ова е одлична можност за нашите студенти да се запознаат со врвни уметници од современата музика, а воедно и да договорат идни соработки и проекти заедно со нив. Ова е второ издание на фестивалот, а се надеваме дека ќе прерасне во долгогодишна традиција, велат од Музичката академија.

Фестивалот започнува на 27 мај, а ќе трае се до 3 јуни. На 27 мај настапува познатиот чешки кларинетист Карел Дохнал со нашата позната пијанистка Наташа Трбојевиќ. На 28 мај настапува реномираната флејтистка од Србија, Ангела Братиќ, со пијанистката Наташа Трбојевиќ, на 29 мај настапува турската пијанистка Ширин Акбулут Демири заедно со нашата позната пијанистка Милица Шкариќ. На 3 јуни настапуваат најдобрите студенти од Музичката академија.

Настапите се одржуваат во Уметничката галерија „Безистен“, со почеток од 19 часот.