Search
|     contact@ugd.edu.mk

Отворен и кариерен ден на УГД

Споделете

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ве поканува на Отворен и кариерен ден за средношколци и студенти.

Целите на настанот се:

  1. Унапредување на врската меѓу високото образование и реалниот сектор.
  2. Зголемување на можностите за вработување на младите преку директен пристап до реномирани институции.
  3. Прикажување на можностите за студирање на #УГД за младите.

Настанот ќе се одржи на 28 мај 2024 г. (вторник), со почеток од 10 часот, во просториите на Мултимедијалниот центар кај Економски факултет и ќе се реализира во два дела:

  1. Панел-дискусија на тема „Важноста на високото образование за македонскиот бизнис и улогата на бизнисот во креирање на поквалитетно образование“, на која ќе може да се види поврзаноста на образованието и реалниот сектор.
  2. Директна интеракција помеѓу студентите и реалниот сектор и средношколците и единиците на Универзитетот.

Присуството на голем број реномирани компании и институции од различни индустриски гранки ќе им даде можност на младите за нетворкинг, договарање пракса, познанство со клучни претставници на компаниите и доближување на можностите за вработување.

Добредојдени се сите заинтересирани.

Ве очекуваме! 

Избери мудро, делувај храбро!

Ваш УГД