Search
|     contact@ugd.edu.mk

Медиумите на УГД и goce.mk учествуваа на „Media Blend Hackathon“ во Сараево

Споделете

Универзитетските медиуми и goce.mk беа дел од „Media Blend Hackathon“, кој се одржа од 19 до 22 мај во Сараево, БИХ. На овој настан учествуваа десет тимови од Шпанија, Украина, Италија, Германија, Холандија, Србија, Црна Гора и Македонија. Сите тимови три дена работеа на идеи за проекти кои би ги реализирале во иднина и би дoбиле поддршка од „Media Blend“.

Со тимовите работеа ментори – реномирани европски професионалци, а универзитетските медиуми и goce.mk учествуваа во партнерство со Yoth wibes  – Omladinski portal од Ниш, Србија. Идејата на ова партнерство е да се креира платформа преку која младите ќе можат да пријавуваат проблеми со кои се соочуваат во секојдневието во Македонија и во Србија, а новинарите и младите соработници на goce.mk и Youth Wibes ќе ги третираат овие теми со барање на решение за нив.

Тимот на УГД и goce.mk и Youth Wibes се најде меѓу четирите најдобри на хакатонот, со што добива консултантска поддршка и стручни обуки за развој на идејата, како и можности за пристап до фондови кои би ја поддржале реализацијата.