Search
|     contact@ugd.edu.mk

Трето место во екипен пласман за студентите на УГД на Трката на поезијата во Струга

Споделете

Во рамките на традиционалната „Трка на поезијата“ студентите на УГД во групниот пласман – мажи го освоија третото место.

УГД учествуваше со 16 студенти на оваа трка, и во машка и во женска категорија. Екипното трето место беше за трката на 5 километри.

Учеството на студентите и дел од вработените на УГД е дел од активностите на Спортскиот и културен центар на УГД, преку кој студентите можат да учествуваат на различни спортски манифестации.

Годинава трката се одржа под мотото „Трчаме рецитираме“, во организација на Атлетскиот клуб „Спортски мостови“. Ова е четврто издание на Трката на поезијата.