Search
|     contact@ugd.edu.mk

„Меѓународната парламентарна стипендија“ (ИПС) на германскиот Бундестаг за 2025 година

Споделете

Програмата „Меѓународна парламентарна стипендија“ (ИПС) на германскиот Бундестаг за 2025 година е насочена кон млади дипломци кои се ангажирани, отворени, со интерес за политика и со волја активно и одговорно да учествуваат во демократската иднина на својата земја. Германскиот парламент им дава можност на овие млади луѓе преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.

Програмата 2025 започнува на 1 март 2025 г. и трае до 31 јули 2025 г.

Предусловите за апликација, меѓу другото, се државјанство на земјата што учествува (можно е и двојно државјанство), завршени универзитетски студии, одлични познавања на германскиот јазик (најмалку ниво Б2 на Заедничката европска референтна јазична рамка) како и возраст под 30 години пред почетокот на стипендијата.

Дополнителни информации ќе најдете на интернет: https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2598228 и www.bundestag.de/ips

Апликациите треба да се достават до 31 јули 2024 год. до Германската амбасада во Скопје по електронска пошта: (info@skop.diplo.de), која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со Комисија од германскиот Бундестаг.