Search
|     contact@ugd.edu.mk

Факултетот за информатика коорганизатор на меѓународна конференција

Споделете

Од 21 до 23 мај 2024 г. во Охрид се одржа Меѓународна конференција за информатика и математика, посветена на проф. д-р Смиле Марковски, која беше коорганизирана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – УКИМ, Факултетот за информатика – УГД, Универзитет Скопје и Асоцијацијата ICT.

Проф. д-р Смиле Марковски е поранешен професор на ПМФ и ФИНКИ во Скопје, светски познат и реномиран македонски научник од областа на теорија на квазигрупи и нивна примена во криптографијата и кодирањето.

Конференцијата имаше над 70 посетители од САД, Холандија, Србија, Норвешка, Австрија, Бугарија, од кои многу долгогодишни соработници и колеги на проф. Марковски. На конференцијата свои трудови презентираа неколку професори од Факултетот за информатика.