Search
|     contact@ugd.edu.mk

Повик за учество на туристичко-планинарски настан „Дојди на Кожуф, запознај го регионот со ФТБЛ”

Споделете

Факултетот за туризам и бизнис логистика со седиште во Гевгелија при Универзитетот „Гоце Делчев”  – Штип, во соработка со Планинарско-спортскиот клуб „Двете уши”, организираат туристичко-планинарски настан „Дојди на Кожуф, запознај го регионот со ФТБЛ!”.

Планинарската тура ќе се реализира на 14 јуни (петок) 2024 година и во неа може да се вклучат сите заинтересирани вработени од УГД.  Тргнувањето ќе биде од Гевгелија со организиран превоз до Кожуф (Ски Кожуф) и назад за сите пријавени учесници.

Сите заинтересирани вработени на УГД имаат можност да дојдат со организиран превоз од Штип до Гевгелија и назад.

Пријава за учество на планинарската тура се поднесува најдоцна до 12 јуни 2024 година (среда) на следнава адреса: pavlina.iceva@ugd.edu.mk.

Бројот на учесниците е ограничен.