Search
|     contact@ugd.edu.mk

„Звукот на идните генерации“ – студенти од Музичката академија со настап со Македонска филхармонија

Споделете

Концерт под наслов „Звукот на идните генерации“ на кој настапуваат студентите од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип ќе се одржи во Македонска филхармонија на 13 јуни (четврток) во 20 часот, во големата сала на Филхармонија. Настапот е заеднички меѓу студентите и Македонската филхармонија.

Настапуваат Александра Кировска – гитара од класата на проф. м-р Дејан Лазаревски и Нина Крагуевска – кларинет од класата на проф. д-р Бранко Павловски.