Име и презиме: Тамара Јанева
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет
Тековна професија: Агроном
Место на вработување: Земјоделска аптека „Агро Тамара” – Пробиштип
Животно мото: Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.
Позиција на којашто работам денес: Сопственик на Земјоделска аптека.
Мојот рецепт за успех се состои од: Упорност, верба во себе, дисциплина и желба за учење.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Предизвиците се дел од животот, не само од студентските денови. Ги сакам. Од нив се учи. Тие се доказ дека си доволно храбар и со секое нивно прифаќање си на правилниот пат кон успехот.
Со УГД се дружев: 4 години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Ја сакам природата, истражувањето на живиот свет и неговото дејствување. Заштита на здравите и доктор за заболените растенија.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Неизмерната солидарност и заемна соработка со професорите и студентите.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Лабораториски капацитети на УНИЛАБ лабораторијата на Земјоделски факултет.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Мојата амбиција и професионалната стручност на предметните професори.
Моето успешно студирање на Земјоделски факултет беше крунисано со учеството на Студентскиот научно-спортски натпревар „Агрономијада“ во Будва, организирана од студенти на Земјоделски факултет во Бања Лука, каде што се здобив со две дипломи: прво место – квиз на знаење во областа сточарство и трето место за најдобар научен труд.
Совет за младите како идни студенти: Не се откажувајте од вашите соништа и идеи. Секоја препрека е тука за да ви покаже дека секогаш можете повеќе и подобро.