Search
|     contact@ugd.edu.mk

Повик за учество на Планинарската тура „Плачковица“

Универзитетскиот спортски и културен центар при УГД, во соработка со Планинарското друштво „Лисец” – Штип...
Споделете

Универзитетскиот спортски и културен центар при УГД, во соработка со Планинарското друштво „Лисец” – Штип, ќе учествува во Планинарската тура и спелеолошка акција посета на пештера ЌУП на планината Плачковица, која ќе се реализира во рамките на Outdoor festival „Ја сакам Плачковица” 2024 .

Оваа тура се организира во сабота, 13 јули 2024 год.

За учесниците од УГД тргнувањето е организирано во 8.30 часот пред Спортска сала „Јордан Мијалков“ – Штип, со организиран превоз на УГД.

Предвидено е поаѓање од Планинарскиот дом „Вртешка“, посета на пештерата ЌУП, должина на патеката е 8 км во двата правци. Време на искачување околу 1 час, време за враќање назад 1 час.

Секој учесник треба да има соодветна опрема:

  • спортска патики или чизми за качување;
  • ранец и планинарски стапчиња;
  • удобна спортска опрема, по можност памучна или слоевита маица;
  • шушкавец или дуксер;
  • кабаница, капа, очила за сонце;
  • вода 1 л;
  • храна, пожелно е да се има еден оброк (по свој избор).

Патеката за оваа планинарска тура е рамна, со мали угорнини и добро е одбележана и истата се категоризира како лесна патека.

Сите заинтересирани студенти и вработени на УГД може да се пријават за учество на Планинарската тура Плачковица најдоцна до 10 јули 2024 год. (среда) до 12 часот, на следнава е-пошта и телефонски број.

Е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk

Тел. број: 072/252-052

Потребни податоци за пријавување:

  • име и презиме;
  • ден, месец и година на раѓање;
  • телефонски број;
  • патувам со организиран превоз на УГД или со сопствен превоз.

Котизацијата за учество и превозот ќе бидат покриени од страна на Универзитетски спортски и културен центар.