Се закажува одржување на Докторски семинар, втор семестар, задолжителна активност Докторски семинар 5 кредити, 150 часови, со физичко присуство, за студентите запишани во учебната 2023/2024 г. на студиските програми на Правен факултет: докторски студии на правни науки од областа на граѓанско право; докторски студии на правни науки од областа европско право и европски интеграции; докторски студии на правни науки од областа на казненото право на 20 август 2024 г., со почеток во 10 часот, во свечената сала на Правен факултет.
Пријавите и презентациите да се достават и потврдат присуство, студентите и менторите, на мејл кај Слаџана Димишков, најдоцна до 15 август 2024 г.
Кандидатите кои ќе презентираат на Докторскиот семинар, презентацијата треба да ја направат во времетраење од 10 мин., по што следува 5 мин. време за дискусија.
Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.
Школа за докторски студии