Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Стефан Михаилов

Споделете

Име и презиме: Стефан Михаилов

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, студиска програма Фитомедицина – заштита на растенија.

Тековна професија: Дипломиран инженер агроном – заштитар.

Место на вработување:  „Агро 9-ти км“ – Штип.

Животно мото: Среќата ги следи само упорните.

Позиција на која работам денес:  Инженер агроном.

Мојот рецепт за успех се состои од: Кога мислиш да се откажеш, пробај уште еднаш.  Можеби успехот е зад аголот. Секогаш верувај во себе.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Најголема предизвик за нас студентите беше пандемијата. Предавањата беа онлајн но практичната настава беше отежната. Професорите дадоа се од себе и го надоместивме пропуштениот дел.

Со УГД се дружев: 4 години во студентските денови со кои се стекнав како со теоретско знаење, така и многу практично искуство.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Јас го избрав УГД бидејќи нуди најдобар пристап и најсовремен пристап за студентите. Конкретно  избрав Земјоделски факултет, бидејќи сметам дека на нашата држава ѝ се потребни стручни кадри во области што веќе се дефицитарни.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Вклучување на студенти во различни проекти, семинари, во текот на студиите и по завршувањето многу компании од агробизнис секторот ви нудат отворени работни позиции.

 Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

  1. Уни-сервис при Земјоделски факултет – Штип;
  2. УНИЛАБ лабораторија при Земјоделски факултет – Штип;
  3. Земјоделска аптека „Агро 9ти км“ – Штип. 

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Целиот електронски систем на УГД со кој нема редици и чекања. И професорите кои секогаш им се на располагање на студентите.

Совет за младите како идни студенти:

„Никогаш не се откажувајте од вашите соништа само затоа што треба многу време за да ги остварите“.