Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Томче Крстев

Споделете

Име и презиме: Томче Крстев

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, студиска програма Фитомедицина.

Тековна професија: Дипломиран инжeнер агроном – заштитар.

Место на вработување: „Agroplant Mil“  – Скопје.

Животно мото: „Со голема желба до големи успеси!”

Позиција на која работам денес: Агроном инженер во „Agroplant Mil“  – Скопје, Регион Струмица.

Мојот рецепт за успех се состои од: Со упорност и труд да ги поминеме сите пречки за подобар успех во иднина.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Прекин на наставата поради корона изолацијата, но благодарение на УГД – Штип, кој беше технички подготвен за продолжување на наставата и комуникацијата меѓу професорите и студентите, лесно ги надминавме тие тешкотии.

Со УГД се дружев: 4 години во студентските денови. Посебно голема благодарност до сите професори на Земјоделски факултет при УГД – Штип, со кои комуникацијата, консултациите и советите продолжуваат и по дипломирањето.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Го следев патот кон здраво производство и безбедност на храна која ја консумираме секојдневно, па затоа решив да се запишам на Земјоделски факултет при УГД – Штип, со цел да научам повеќе за производството на здрава и квалитетна храна во иднина.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Вклучувањето на студенти во проекти, практична настава во услови на отворено, практична настава во лабораториски услови.

 Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

  1. Уни-сервис при Земјоделски факултет – Штип;
  2. УНИЛАБ лабораторија при Земјоделски факултет, Штип;
  3. Земјоделска задруга ЗЗ „Веге фреш“, с. Куклиш;
  4. Винарија „Далвина“ – Струмица.

 

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Голем број на достапни материјали кои ни беа потребни за време на студирањето, професорите кои ни беа достапни во секое време за нашите предизвици, исто така и електронски алатки кои ни помогна да не губиме време за пријавување на испити и сл.

Совет за младите како идни студенти:

„Замислената идеја не дозволувајте никој да ви ја промени“.