Search
|     contact@ugd.edu.mk

Конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“

Споделете

Факултетот за туризам и бизнис логистика го организира седмото издание на Научната конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“.

Конференцијата ќе се одржи во вторник, 15.9.2024 година, во Музеј на македонската борба за самостојност, со почеток во 11 часот.

Темата на Конференцијата годинава е „Културните и креативните индустрии предизвик за туризмот, културата, културното наследство и економијата“.

Главни говорници ќе бидат деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, проф. д-р Владимир Јаневски од Музичката академија на УГД, проф. д-р Наташа Митева, продеканка на ФТБЛ, м-р Александар Јорданоски, експерт за културно наследство и Анче Илиевска, в.д. директорка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Покана (.пдф)