Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржат докторски семинари со физичко присуство.
Докторските семинари ќе се одржат на 17.10.2024 г., со почеток во 10 часот, и на 22.10.2024 г., со почеток во 12.30 часот, во конференциската сала на Кампус 2, трети кат.
- За семинарот на 17.10.2024 г. пријавите и презентациите да се достават и потврдат присуство, студентите и менторите, на мејл кај Сашка Атанасова до 16.10.2024 г.
- За семинарот на 22.10.2024 г., пријавите и презентациите да се достават и потврдат присуство, студентите и менторите, на мејл кај Сашка Атанасова до 18.10.2024 г.
Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.
Школа за докторски студии