Search
|     contact@ugd.edu.mk

Одбележување на Неделата на италијанскиот јазик

Споделете

По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот  Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира гостинско предавање со наслов „Поезијата на XX век меѓу симболи и материја“ („La poesia del Novecento tra simboli e materia“). Гостин-предавач е г. Марио де Роза, заменик-амбасадор на Република Италија во Скопје.

Настанот ќе се одржи на ден 15.10.2023 г. (вторник) во 11 часот, во Тренинг центарот на УГД. Тема на годинешната Недела на италијанскиот јазик во светот е „Италијанскиот јазик и книгите: светот меѓу редови“. Оваа тема има за цел да овозможи истражување на врската помеѓу јазикот и литературата во современиот свет, истовремено засилувајќи ја улогата на книгата како средство на италијанското културно, вредносно и идентитетско наследство. Покрај оваа активност, Филолошкиот факултет ќе организира уште едно предавање наредната недела, на 21.10.2024 год.