Search
|     contact@ugd.edu.mk

Работна посета на професори од Факултетот за информатика на Универзитетот за применети науки „Горна Австрија“ во Хагенберг

Споделете

Во периодот од 23 до 27 септември 2024 год., професорите Сашо Коцески, Александра Милева и Александар Велинов  од Факултет за информатика беа во работна посета на Универзитетот за применети науки „Горна Австрија“ во Хагенберг, Австрија. Посетата беше во рамките на билатералниот проект „Обезбедување на FHIR сервери: безбедносна евалуација и анализа на медицински податоци водени од вештачка интелигенција и симулации за подобрени здравствени услуги”, финансиран од Министерството на образование и наука на С. Македонија. Во рамките на работната посета имаше работилница со презентација на тековни проекти на двете вклучени страни, со работа врз дефинираните цели и со договарање за можности за идна соработка.