Search
|     contact@ugd.edu.mk

Најмасовно и најуспешно учество на УГД на ВИЗ ЕР маратонот – второ место за женската екипа

Споделете

Претставниците на Универзитетот „Гоце Делчев“ го забележаа досега најмасовното и најуспешно учество на Скопскиот ВИЗ ЕР маратон 2024. Вкупно 55 учесници, вработени на УГД и студенти трчаа најмногу на трката на 5 километри, но имаше и претставници во останатите категории.

Женската екипа на УГД, во состав Анастасија Ливринова, Драгана Масева, Викторија Стојанова Велински и Јасминка Соколовска го освоија одличното второ место во конкуренција на 231 екипа.

Инаку, ова освен што беше најмасовното учество на УГД, беше и најмасовниот ВИЗ ЕР Скопски маратон, на улиците низ Скопје трчаа 13.400 маратонци, рекреативци, вљубеници во духот кои ги носат ваквите настани, меѓу кои секако ВИЗ ЕР маратонот котира највисоко во Македонија.

Следното вакво искуство претставниците на УГД ќе го имаат на 10 ноември, кога се одржува November Run 2024 во Гевгелија. Веќе е објавен и Повикот за пријавување на учесници од УГД на оваа трка, која се одвива во две категории – на 5 и на 10 километри.