Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД ќе учествува на „November Run Gevgelija 2024“

Споделете

Универзитетски спортски и културен центар при УГД ве повикува да се пријавете на уште една тимска активност и да бидете дел од УГД тимот на атлетската „November Run Gevgelija 2024“.

Трката ќе се одржи на 10 ноември 2024 година (недела), со почеток во 9 часот, во Гевгелија. Котизацијата за учество и превозот до Гевгелија ќе бидат покриени од страна на Универзитетски спортски и културен центар.

Сите заинтересирани студенти и вработени при УГД може да се пријават за учество на атлетската „November Run Gevgelija 2024“, најдоцна до 29 октомври 2024 година (вторник) до 12 часот, на следнава е-пошта и телефонски број:

vanco.barbareev@ugd.edu.mk

тел. број: 072/252-052

м-р Ванчо Барбареев

Потребни податоци за секој учесник:

  • име и презиме;
  • ден, месец, година на раѓање;
  • телефонски број;
  • се пријавувам на 5 км или 10 км.

По утврдување на бројот на пријавени учесници ќе се креира Вибер група каде што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.

Да бидеме дел од настанот кој ги промовира физичката активност, здравиот начин на живот, дружењето, тимскиот и натпреварувачкиот дух.