Search
|     contact@ugd.edu.mk

СООПШТЕНИЕ ЗА ДОКТОРСКИ СЕМИНАРИ (21 ноември 2024 г. и 26 декември 2024 г.) 

Споделете

Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржат докторски семинари со физичко присуство.

Докторските семинари ќе се одржат на 21 ноември 2024 г., со почеток во 10.30 часот, и на 26 декември 2024 г., со почеток во 10.30 часот, во конференциската сала на Кампус 2, трети кат.

За семинарот на 21 ноември 2024 г. пријавите и презентациите да се достават и да потврдат присуство, студентите и менторите, на мејл кај Сашка Атанасова (saska.atanasova@ugd.edu.mk) до 18 ноември 2024 г.

За семинарот на 26 декември 2024 г. пријавите и презентациите да се достават и да потврдат присуство, студентите и менторите, на мејл кај Сашка Атанасова (saska.atanasova@ugd.edu.mk) до 23 декември 2024 г.

Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.

Школа за докторски студии