25 студенти од пет европски држави го минуваат зимскиот семестар на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во рамките на Еразмис плус програмата за размена на студенти. Традиционално, Одделението за меѓународна соработка на УГД организира своевидна информативна сесија за нив, каде што тие имаат можност да се запознаат меѓусебно, како и со студентите од Македонија кои студираат на УГД. Преку презентација токму од студентите и годинава им беа презентирани можностите што ги нуди Штип за еден студентски живот, како и сѐ она што може да се посети и види за време на престојот овде.
– Јас сум од Португалија, студирам на Политехничкиот институт во Кастело, Португалија. Студент сум на Компјутерски науки во Португалија, па и овде ќе бидам овој семестар на тие студии. Не избирав нешто специфично, но Македонија ја избрав бидејќи е земја за која немав ништо слушнато досега и едноставно сакав да дознаам нешто повеќе за животот овде. На Универзитетот сум примен многу добро и имам сѐ што ми треба. Понекогаш имам малку проблем со комуникацијата, англискиот и македонскиот јазик се многу различни, но, во основа, досега е сѐ добро – изјави студентот Томан Ереирсе од Португалија.
И останатите европски студенти имаат убави очекувања од престојот на УГД за што се одлучиле меѓу другото и од искуствата од свои колеги кои веќе биле во Штип.
Со ова продолжува традицијата на Еразмус плус програмата на УГД, а годинава студентите доаѓаат од следните европски универзитети:
- University of Granada – Spain
- Università degli Studi di Sassari Italy
- University of Valencia Spain
- Instituto Politécnico de Viana do Castelo Portugal
- Universidad de A Coruña Spain
- Gaziantep Universitesi Turkey
- Universitat Jaume I Spain
- Bolu Abant Izzet Baysal Turkey
- University of Cologne Germany
- Technical University Of Cartagena Spain
- Polytechnic Institute of Bragança, Portugal
- University of Pisa Italy.