Search
|     contact@ugd.edu.mk

Склучен договор за соработка со Универзитетот „Епока“ во Тирана

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип потпиша меѓународен Договор за соработка со Универзитетот „Епока“ во Тирана, Албанија.

Договорот беше потпишан помеѓу ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски и ректорот на Универзитетот „Епока“, проф. д-р Ахмет Озташ, при посета на Универзитетот „Епока“ од страна на делегација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во состав на проректорката за меѓународна соработка, проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и проф. д-р Елена Максимова од Правниот факултет.

За време на посетата, професорките учествуваа во серија активности поврзани со проектот „Жан Моне“ од областа на политиките на проширување на Европската Унија и пристапувањето на земјите од Западен Балкан (Jean Monnet Chair in Promoting Public Awareness on Enlargement Policy, EU Values and the Western Balkans’ Accession), предводен од Универзитетот во Салерно, во кој учествува и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Договорот за соработка ги олицетворува заедничките активности остварени помеѓу овие два универзитети во делот на научноистражувачките активности и претставува основа за зацврстување на едукативните и културните врски помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот „Епока“ во Тирана, кои допрва ќе бидат предмет на развивање и негување помеѓу студентите и академскиот кадар од двата универзитети.