Студентските организации во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со dm организираат панел-дискусија на тема „Мојот месечен ритуал: грижа за себе во време на менструацијата“.
На дискусијата говорници ќе бидат Кристина Дуранска од „dm дрогерие маркт“, психологот и семеен советник Бојана Стојменовиќ, нутриционистката Симона Коруновска, претседателката на УСС при УГД Станела Гацова и проектната менаџерка на СОМА, Викторија Панева. Водител и модератор на настанот ќе биде Милена Антовска-Станковска.
Настанот ќе се одржи во четврток (12.12.2024 г.) во тренинг центарот на Правен факултет од 11 часот.