Факултетот за образовни науки организира почетен настан насловен „Скриеното лице на насилството“, кој се реализира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
На настанот ќе бидат претставени целите на проектот и ќе се спроведе целодневна обука за безбедна училишна средина, наменета за студентите од Факултетот за образовни науки. Проектот има за цел да ја сензибилизира наставничката фела за препознавање и превенирање на насилството во училиштата и да придонесе кон создавање побезбедна средина за сите ученици.
Во рамките на проектот ќе следат повеќе активности кои ќе завршат со публикација на „Прирачник со протокол за безбедна училишна средина“, кој ќе биде објавен следната година.
Детали за настанот:
- Датум: 19.12.2024 год.
- Време: 12 часот
- Локација: Простории на Факултет за образовни науки
Проектот е поддржан од Детската фондација „Песталоци“.