Национален младински совет на Македонија отвора Повик за 30 млади лица кои имаат интерес да ги прошират своите знаења во областа на кариерното советување и директната работа со млади лица на кои им е потребно кариерно насочување.
Обуката за кариерни советници ќе се одржи еднократно, во периодот од 15 јануари до 17 јануари, а присуството на сите три дена е задолжително. Агендата за трите дена ќе биде целодневна, односно од 9:30 до 17 часот, а локацијата ќе биде дополнително утврдена. Обуката ќе ги покрие следниве области:
- Комуникација со млади лица и директна работа со средношколци;
- Тестови за кариерно насочување;
- Техники за индивидуална и групна работа;
- Циклус/фази на кариерно планирање;
- Практична работа.
Услови кои треба да ги исполнуваат заинтересираните лица:
- Да се дипломирани или студенти во завршни години на психологија, социјална работа, педагогија, специјална едукација и рехабилитација;
- Да се слободни од 15 до 17 јануари за целосно и активно да ја следат обуката;
- Да имаат можност да патуваат помеѓу февруари и јуни со цел реализација на 3 групни кариерни советувања во средни училишта;
- Да имаат искуство во работа со млади лица.
Сите заинтересирани млади лица треба да го пополнат следниов линк и да достават точни податоци за себе, најдоцна до 30.12.2024 година, до 16 часот. Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 31.12.2024 г.