Search
|     contact@ugd.edu.mk

ОГЛАС за ангажирање на надворешни соработници на проектот „Applied, Connected, Entrepreneurial and Engaged European University (ACE2-EU)” за потребите на работниот пакет 5 е-Кампус

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има потреба да ангажира лице инженер по информатички науки или инженер по електротехника и информациски технологии како соработници...
Споделете

Основни информации

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има потреба да ангажира лице инженер по информатички науки или инженер по електротехника и информациски технологии како соработници во реализирањето на работниот пакет 5 насловен како е-Кампус во рамките на проектот „Applied, Connected, Entrepreneurial and Engaged European University (ACE2-EU)“. Проектот е финансиран од Европската комисија. Повеќе детали за Европската алијанса може да се најдат на следнава веб-страница: https://ace-eu.ipsantarem.pt/

Наслов и опис на работните задачи

Инженер за развој на софтвер со познавање на .NET технологии и солидно познавање на React.js. Идеалниот кандидат треба да има искуство во развој/имплементација на софтверски решенија со .NET и React.js.

Клучни одговорности: 

  • Развој на софтверски решенија користејќи .NET Core/6+ технологии;
  • Креирање и одржување на кориснички интерфејси со React.js, користејќи функционални компоненти;
  • Развој и интеграција на API решенија;
  • Пишување чист и добро документиран код;
  • Оптимизација на MS SQL бази на податоци;
  • Поддршка на постоечки системи и решавање на технички проблеми.
  • Работа во тим со UI/UX, QA и DevOps инженери.

Квалификации и вештини:

  • Диплома по компјутерски науки, инженерство или сродни технички области;
  • Најмалку 5+ години искуство во развој со .NET Core/6+ и минимум 2 години искуство со React.js;
  • Познавање на C# и ASP.NET Core;
  • Основно познавање на JavaScript и React.js (функционални компоненти и React Hooks);
  • Искуство со RESTful API и интеграција на презентациски и заднински дел;
  • Познавање на MS SQL или други релациони бази на податоци;
  • Основно познавање на облак платформи и CI/CD процеси ќе се смета за дополнителна предност.

Меки вештини: 

  • Способност за работа во тим и комуникација со други инженери;
  • Желба за учење нови технологии и постојано развивање на вештини;
  • Проблем-решавачки способности и внимание на детали.

Број на позиции

2 (двајца) извршители.

Начин на пријавување и селекција

Заинтересираните кандидати на е-пошта треба да достават работна биографија (CV) во која се наведени нивните вештини за позицијата за која се пријавуваат, најдоцна дo 31.12.2024 на електронската адреса: ace2eucontact@ugd.edu.mk 

Насловот на пораката треба да биде во следниов формат: Апликација за ACE2EU алијансата – Име Презиме.

Само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор ќе бидат повикани на разговор. Добиените документи за доказ за соодветност за избор нема да се враќаат.