Search
|     contact@ugd.edu.mk

Јавен оглас за приjaвување на кандидати за запишување/одобрување на специјализација и супспецијализација на здравствени работници за 2024 г.

Јавен оглас за приjaвување на кандидати за запишување/одобрување на специјализација и супспецијализација на здравствени работници со високо образование и здравствени соработници со високо образование од областа на медицината, стоматологија и фармација за 2024 година
Споделете

Врз основа на член 141 , 148 , 149 и 150 од Законот за здравствената заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ “ бр.101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23 , 263/23 , 30/24 , 74/24 и 170/24 ) , член 2, 3, 4 и 5 од Правилникот за специјализации и супспецијализации на здравствените работници со високо образование од областа на медицината (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 120/20, 144/21), Правилникот  за специјализации и супспецијализации на здравствени работници со високо образование од област на стоматологија и фармација и здравствени соработници со високо образование (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 275/21) , Факултетот за медицински науки при  Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на ден 30.12.2024 година објавува

Јавен оглас

за приjaвување на кандидати за запишување/одобрување на специјализација и супспецијализација на здравствени работници со високо образование и здравствени соработници со високо образование од областа на медицината, стоматологија и фармација за 2024 година

 

  1. За вработени здравствени работници односно здравствени соработници во приватни установи, други правни лица и невработени
Ред.бр. Област на специјализација За вработени здравствени работници односно здравствени соработници во приватни установи, други правни лица и невработени лица
1. Епидемиологија 3
2. Медицинска микробиологија со паразитологија 10
3. Медицинска биохемија 9
4. Офталмологија 6
5. Радиологија 5
6. Ортопедија 5
7. Општа хирургија 12
8. Tоракална хирургија 1
9. Пулмоалергологија 4
10. Ендокринологија 2
11. Анестезиологија со интензивна медицина 9
12. Кардиологија 3
13. Уролошка хирургија 7
14. Интерна медицина 11
15. Орална хирургија 16
16. Стоматолошка протетика 2
17. Ендодонција со реставративна стоматологија 10
18. Фармацевтска технологија 9
19. Испитување и контрола на лекови 13

 

Ред.бр. Област на супспецијализација За вработени здравствени работници односно здравствени соработници во приватни установи, други правни лица и невработени лица
1. дигестивна хирургија 1

 

Барањето за одобрување на специјализациите / супспецијализациите заедно со комплетната документација се поднесува од страна на Јавната здравствена установа каде е вработен  здравствениот работник односно здравствениот соработник,  приватната здравствена установа во која е вработен здравствениот работник односно здравствениот соработник односно од невработениот здравствен работник најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на Огласот во јавните гласила и веб страната на Универзитетот.

Барањето за одобрување на специјализација со комплетната документација се доставуваат во согласност со одредбите од Законот за здравствена заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22) и Правилникот за специјализации и супспецијализации на здравствените работници со високо образование од областа на медицината и Правилникот  за специјализации и супспецијализации на здравствени работници со високо образование од област на стоматологија и фармација и здравствени соработници со високо образование до Архивата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип,  ул. „Крсте Мисирков“ бр 10-А,Ректорат, 2000 Штип, со назнака за „Оглас за специјализации за 2024 година“.

 

Потребни документи за пријавување за вработени  во  приватни здравствени установи односно од невработени здравствени работници

 

  1. Барање за одобрување на специјализација со административна такса од 50 денари (може да се преземе од веб страната на Универзитетот https://fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi/specijalizacii);
  2. Уверение со оценки и диплома за завршен факултет (нотаризирани);
  3. Уверение за положен стручен испит (нотаризиран);
  4. Основна лиценца за работа од Комора, нотаризирана (или потврда дека издавањето е во тек);
  5. Договор за дело односно вработување , како доказ за исполнетост на условот од член 141, став 2 и 3 од Закон за здравствена заштита ;
  6. Потврда од Агенција за вработување доколку кандидатот е невработен;
  7. Упатница од приватна ординација доколку кандидатот е вработен во истата и фотокопија на М1/М2 образец;

 

Потребни документи за пријавување за вработени  во  приватни здравствени установи односно од невработени здравствени работници

 

  1. Барање за одобрување на супспецијализација со административна такса од 50 денари (може да се преземе од веб страната на Универзитетот https://fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi/specijalizacii);
  2. фотокопија од уверение со оценки и диплома за завршен факултет заверени на нотар
  3. фотокопија од уверение за положен специјалистички испит заверена на нотар
  4. фотокопија од уверение за положен стручен испит заверена на нотар
  5. фотокопија од важечка лиценца за работа заверена на нотар
  6. м1/м2 образец
  7. упатница за кандидатот издадена од ПЗУ каде е вработен кандидатот.

 

Цена на чинење на специјализацијата/ супспецијализација е согласно Одлуката за надоместокот за спроведување на теоретска настава и практична обука и за полагање на испит за специјализации односно супспецијализации од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата („Службен весник на РМ“ бр.123 од 2 Октомври 2012 година) и Закон за изменување и дополнување на Закон за здравствена заштита („Службен весник на РМ“ бр.154 од 4 Септември 2015 година)

За сите дополнителни информации слободно контактирајте не на :

adrijana.arsovska@ugd.edu.mk

Огласот е објавен и на интернет-страницата: www.ugd.edu.mk и fmn.ugd.edu.mk