Search
|     contact@ugd.edu.mk

Интервју со ректорот на УГД: Универзитетот во 2024 година стана дел од европската високообразовна стратегија

Споделете

2024 година беше успешна година за Универзитеотт „Гоце Делчев“. Универзитетот стана дел од европската алијанса, го прошири бројот на студиски програми на англиски јазик, а воедно има најави и за проширување на инфраструктурните капацитети на самиот универзитет, ова го истакна меѓу другото ректорот на УГД, проф. Д-р Дејан Мираковски во предновогодишното интервју за универзитетските медиуми.

Во интервјуото ректорот откри и дека се планира изградба на нов објект на Факултетот за медицински науки кој ќе биде во рамките на Клиничката болница во Штип, објектот ќе биде со површина од 5 илјади метри квадратни.

Годината што измина ректорот ја оцени како продуктивна, а за следната година истакна дека новиот меѓународен проект со европската алијасна на универзитети ќе ги опфати скоро сите вработени и сите студенти.

Целото интервју погледнете го во продолжение.