Вториот координативен состанок на проектот „GEM SET EQUALITY“, каде што УГД е дел од проектниот тим, се одржа онлајн на 20 јуни 2024 година. За време на состанокот се разговараше за резултатите од интегрираниот извештај и структурата на менторската програма. Следејќи ја направената анализата на различните национални и меѓународни политики поврзани со родовата еднаквост и особено родовата еднаквост во спортот, различни прирачници, насоки, планови за препораки, акциони планови и стратегии, идентификувавме неколку аспекти кои се важни и треба да се имплементираат во менторската програма.
Спроведувањето на овие аспекти може да ја подигне свеста за вклучување на жените и да ја поддржи родовата еднаквост во тенисот. Со усвојување на овие најдобри практики, тениската заедница може да поттикне поинклузивна, фер и енергична атмосфера за играчите од секој пол. Структурата на програмата за менторство ќе вклучува:
- Преглед и цели на проектот;
- Cтруктура за менторство;
- Како да бидеш ментор и улогите;
- Придобивки и имплементација;
- Евалуација и следење.