Search
|     contact@ugd.edu.mk

Отворен првиот Европски дигитален иновациски хаб

Споделете

На 31 јануари 2025 год. на Електротехнички факултет во Скопје се одржа свечено отворање на ИНОФЕИТ ЕДИХ, првиот Европски дигитален иновациски хаб во Северна Македонија – Центар за дигитална трансформација и иновации.

Овој хаб претставува центар за иновации, дигитализација и претприемништво, кој ќе им овозможи на малите и средни претпријатија, стартапите и истражувачките институции пристап до напредни технологии и знаење. Ќе нуди поддршка за дигитална трансформација на компаниите и јавната администрација.

Како дел од мрежата на Европските дигитални иновациски хабови (EDIH), хабот овозможува пристап до најновите технологии и ресурси, зајакнување на иновацискиот екосистем и интернационална соработка во доменот на дигиталната трансформација.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е еден од клучните партнери во рамките на конзорциумот составен од  INNOFEIT (Координатор) – Центар за трансфер на технологии и иновации, УКИМ, УКЛО, Солвео, Сојузот на стопански комори на Северна Македонија (ССК), Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), Интерспејс, Микросам и Контрон.

Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија на тема „Улогата на европските дигитални иновациски хабови во дигиталната трансформација на општеството“ на која учествуваа:

  • проф. д-р Весна Јаневска – министер за образование и наука,
  • г. Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација,
  • проф. д-р Владимир Атанасовски – декан на ФЕИТ при УКИМ,
  • проф. д-р Сашо Коцески – декан на Факултет за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,
  • проф. д-р Орце Симов – Сојуз на стопански комори,
  • г. Слободан Јовановски, Контрон.