Универзитетот во „Ла Коруња“, Шпанија, објави Повик за стипендии за учество на Меѓународната летна школа 2025 што ќе се одржи од 14 до 25 јули.
Стипендиите ги покриваат трошоците за школарина, сместување и храна во студентски дом во периодот од 13 до 26 јули, додека патните трошоци остануваат на товар на студентите.
Студентите кои не ги исполнуваат условите за стипендија може да добијат попуст.
Повеќе информации за програмата и стипендиите најдете на овој линк.
Информациите за курсевите на овој линк.