Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:
- Мобилности за студенти
Конкурсот е отворен за:
– 15 студентски мобилности за студии (за реализација во зимски семестар 2025/2026 г.)
Услови за конкурирање за мобилност за студии:
- Право за конкурирање за мобилност за долг престој имаат студентите од прв и втор циклус на студии, и тоа: редовно запишани на прв циклус на студии, со запишан најмалку втор семестар, и редовно запишани на втор циклус на студии со запишан најмалку прв семестар;
- Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат;
- Студентите имаат право да искористат најмалку 2 месеци, а најмногу 12 месеци студентска мобилност (студии/пракса) во текот на еден циклус на студии, согласно со условите пропишани во Конкурсот;
- Предност имаат кандидатите кои за првпат аплицираат на програмата.
Потребни документи за конкурирање за мобилност за студии се:
- Уредно пополнета изјава за изразување на интерес за учество во Еразмус + програмата, испечатена во два примерока;
- Уверение за положени испити;
- Потврда за упис во семестар;
- Копија од индекс (прва страница);
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо;
- Две препораки од професори од единицата од каде што доаѓа студентот;
- Доказ за учество во активности во рамките на факултетот/универзитетот (семинари, конференции, работилници, настани, списанија и други активности) и/или потврда за учество во работата на универзитетски или факултетски тела (предност имаат оние студенти коишто имаат остварено повеќе активности);
- Сертификат за познавање на странски јазик и/или друг доказ за познавање на странскиот јазик којшто се користи на универзитетот каде што се аплицира.
- Мобилности за вработени
Конкурсот е отворен за:
- 2 мобилности за нaставнички кадар;
- 2 мобилности за административен кадар.
Мобилноста во високообразовните институции во Европската Унија и во партнерските земји на ЕУ трае најмалку 2 (два), а најмногу 5 (пет) работни дена. Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и универзитети/институции од земји од Европската Унија или од програмски земји во рамките на Еразмус + програмата. Мобилноста треба да се искористи заклучно до 31 декември 2025 година.
Условите за конкурирање за Еразмус+ мобилност за настава и за обука на Универзитетот „Гоце Делчев“ се следните:
А) Услови за конкурирање за Еразмус + мобилност за настава и за обука:
- Право на пријавување имаат сите вработени (наставнички, соработнички и административен кадар) на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;
- Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат;
- Предност имаат кандидатите кои за првпат аплицираат на програмата;
- Вработените кои конкурираат за Еразмус + мобилност за настава треба да имаат отворен профил на ORCID и Google Scholar верифициран со службената електронска пошта и со афилијација на Goce Delcev University.
Б) Потребни документи за конкурирање за Еразмус + мобилност за настава и обука:
- Образец за селекција на вработени (наставен кадар или администрација) за учество во Еразмус+ програмата испечатен и пополнет во два примерока;
- Писмо за прифаќање (Letter of acceptance) со потпис и печат од странскиот универзитет каде што вработениот сака да ја изврши мобилноста;
- Образец Staff mobility for teaching или Staff mobility for training;
- Кратка биографија (CV).
Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат:
- на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html
- на е-пошта на: icc@ugd.edu.mk
Целата документација треба да биде на македонски јазик.
Документите се доставуваат лично до Oдделението за меѓународна соработка.
Одделение за меѓународна соработка (Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, РС Македонија
Апликациите испратени по електронски пат или подоцна од рокот наведен во Конкурсот нема да бидат разгледани.
Конкурсот е отворен од 17 февруари до 7 март 2025 година.