Search
|     contact@ugd.edu.mk

7. Кавадаречки полумаратон „Го сакам Кавадарци” 2025 год.

Споделете

Почитувани,

Универзитетски спортски и културен центар продолжува со традицијата за учество на атлетски натпревари како дел од активностите за промоција на УГД како активен и спортски Универзитет.

Оттука, Ве повикуваме да се пријавите за учество на атлетската трка како дел од тимот на УГД на еден од најмасовните спортски настани 7. Кавадаречки полумаратон „Го сакам Кавадарци” 2025 год., кој ќе се одржи на 9 март 2025 год. (недела) во Кавадарци.

Сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ – Штип имаат можност да се пријават за учество како дел од УГД тим со можност за учество на:

  • 5 км
  • 10 км
  • Полумаратон.

Котизацијата за учество и превозот до Кавадарци ќе бидат покриени од страна на Универзитетски спортски и културен центар.

Пријавувањето за спортската манифестација „Го сакам Кавадарци’’ е преку е-пошта и телефонски број, најдоцна до 28 февруари 2025 год.

М-р Ванчо Барбареев

Тел. број:  072/252-052

Е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk

По утврдувањето на бројот на пријавените учесници ќе се креира група на Вибер за атлетската трка „Го сакам Кавадарци“, по што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.

Напомена: Секој пријавен учесник, доколку не се појави на старт ќе треба да ја рефундира платената котизација.

Покрај атлетската трка, се организира и еднодневна посета на Ски-центарот „Михајлово“ на 9 март 2025 година (недела). Сите заинтересирани студенти и вработени на УГД имаат можност да се пријават.

Се гледаме на старт!

За активен и здрав УГД!