Search
|     contact@ugd.edu.mk

Факултетот за образовни науки со проект за безбедна училишна средина: „Скриеното лице на насилството“

Споделете

Факултетот за образовни науки активно работи на создавање безбедна и поддржувачка училишна средина преку проектот „Скриеното лице на насилството“. Овој значаен проект има за цел да ги едуцира идните наставници, воспитувачи и педагози за различните форми на насилство, механизмите за негово спречување и постапките за соодветно реагирање.

Во рамките на проектот, кој го водат проф. д-р Трајче Стојанов, проф. д-р Даниела Коцева и проф. д-р Оливер Цацков, денес беше организирано предавање и работилница со самостоен инспектор за превенција при секторот за внатрешни работи Штип, Баже Милев. Тој ги запозна студентите со видовите насилство што може да се појават во образовните институции, начинот на нивно препознавање, како и со постапките за пријавување и превенција.

Овој настан има особена важност  за нашите студенти кои како идни наставници, воспитувачи и педагози играат клучна улога во создавањето на сигурна и инклузивна училишна средина.

Преку вакви иницијативи, Факултетот за образовни науки вложува во подготвеноста на студентите да се справат со предизвиците на современото образование и да придонесат за превенција и сузбивање на насилството во училиштата.

Проектот продолжува со низа активности и обуки кои ќе ги продлабочат знаењата на студентите и ќе ги подготват за нивната иднина како одговорни и свесни професионалци во образовниот систем.