Search
|     contact@ugd.edu.mk

Семинар на проф. Андреас Спаниас од Универзитетот во Аризона, САД

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домаќин на Проф. Андреас Спаниас, реномиарн професор од Универзитетот во Аризона, САД, кој ќе одржи семинар на 25 февруари 2025 година (вторник).

Семинарот под наслов „SenSIP Research in Classical and Quantum AI for Energy and other Applications”  ќе започне во 11ч.

Семинарот ќе се одржи во просториите на бизнис-акцелераторот на Факултетот за информатика на Кампус 2 во Штип.

Настанот е отворен за студенти и за професори од техничките факултети.

Сите заинтересирани студенти и наставничкиот кадар се поканети да присуствуваат и да се запознаат со најновите академски истражувања и иновации во оваа област.

Андреас Спаниас е професор на Факултетот за електротехника, компјутерско и енергетско инженерство на Државниот универзитет во Аризона (ASU). Тој е исто така директор на Центарот за обработка на сензорски сигнали и информации (SenSIP) и основач на индустрискиот конзорциум SenSIP, кој е и NSF I/UCRC центар. Неговите истражувачки интереси опфаќаат адаптивна обработка на сигнали, обработка на говор, квантно машинско учење и сензорски системи. Тој и неговите студенти го развија наградуваниот софтвер J-DSP, кој беше поддржан од NSF. Автор е на повеќе од 350 научни трудови, 11 монографии и 26 патенти во САД.

Андреас Спаниас е ко-добитник на престижната награда за научен труд IEEE Donald G. Fink (2002) и во 2003 година беше избран за IEEE Fellow. Во 2018 година ја добил IEEE Phoenix Chapter наградата со признание: “За значајни иновации и патенти во обработката на сигнали за сензорски системи”. Тој е Сениор член на Националната академија на пронаоѓачи (NAI).