Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од трет циклус студии на Правен факултет, Економски факултет и Факултетот за образовни науки, Кампус 4, дека ќе се одржуваат докторски семинари со физичко присуство на:
- 3 април 2025 г. – за докторандите кои имаат потреба од докторски семинар (имаат преостаната обврска од претходните семестри).
– Пријавите и презентациите да се достават на е-пошта кај Слаџана Димишков, најдоцна до 1 април 2025 г.
– Студентите и менторите да го потврдат своето присуство, најдоцна до 1 април 2025 г.
- 20 мај 2025 г. – за докторандите кои имаат обврска за презентација на докторски семинар во втор и четврт семестар 2025 г.
– Пријавите и презентациите да се достават на е-пошта кај Слаџана Димишков, најдоцна до 16 мај 2025 г.
– Студентите и менторите да го потврдат своето присуство, најдоцна до 16 мај 2025 г.
- 18 јуни 2025 г. – за докторандите кои имаат обврска за презентација на докторски семинар во втор и четврт семестар 2025 г.
– Пријавите и презентациите да се достават на е-пошта кај Слаџана Димишков, најдоцна до 13 јуни 2025 г.
– Студентите и менторите да го потврдат своето присуство, најдоцна до 13 јуни 2025 г.
Студентите кои ќе презентираат докторски семинар, презентацијата треба да ја направат во времетраење од 10 мин., по што следува 5 мин. време за дискусија.
Студентите кои ќе презентираат пилот-истражувачки труд или независен истражувачки проект под менторство (докторски проект) може да го направат во времетраење од 15-20 мин., по што ќе следува дискусија во времетраење од 5 мин.
Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.
За да се одржи докторскиот семинар треба да се пријавени најмалку двајца студенти.
За модератор на докторскиот семинар се определува проф. д-р Билјана Тодорова.
Школа за докторски студии