Амбасадорот на Велика Британија во Северна Македонија, Метју Лосон, вчера беше во официјална посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во рамките на посетата, амбасадорот Лосон се сретна со раководството на Универзитетот и со дел од професорите.
На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу УГД и Амбасадата на Велика Британија во Македонија, која и до сега беше на високо ниво.
Универзитетот има одлична соработка со Амбасадата на Британија во Македонија, особено во делот на право, сајбер безбедност и медиуми.