Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД отвора Центар за психолошка поддршка на студентите погодени од несреќата во Кочани и ја адаптира наставата согласно со состојбата

Споделете

Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ денес донесе Одлука за формирање на Центар за поддршка на студентите кои се погодени на каков било начин од несреќата во ноќниот клуб во Кочани. Центарот за поддршка ќе располага со психолози и психијатри кои преку телефон, онлајн или со физичко присуство ќе обезбедат помош и поддршка во овие тешки моменти. Центарот ќе биде активен од утре (18 март 2025 г.) во просториите на Факултетот за образовни науки, а од утре ќе бидат достапни и телефонските линии за поддршка.

Телефоните за поддршка се следните: 032/550780, 032550790 и 032550785.

Универзитетот донесе Одлука и за адаптирање на наставата на соодветен начин согласно со состојбата. Формална настава нема да се одржува, но професорите, асистентите и административниот персонал се ставаат во целосна функција на студентите и ќе бидат присутни во просториите на факултетите по распоредите за предавања.