Секоја помош е значајна, секоја донација е чекор кон поддршка за оние што поминуваат низ најтешките моменти во животот.
Почитувани студенти, професори и вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип,
Во овие тешки моменти, кога нашата заедница тагува за младите животи што прерано згаснаа, потребно е да покажеме солидарност и поддршка кон семејствата на настраданите и повредените.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги повикува сите кои сакаат да донираат да ги користат официјалните можности што ги нуди Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Како можете да донирате?
- Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
- Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
- Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
🔄 Споделете ја иницијативата:
Ако не сте во можност да донирате, ве охрабруваме да ја споделите оваа информација со вашите пријатели и колеги за да допреме до што повеќе луѓе.
Ви благодариме за вашата хуманост и солидарност.
Со почит,
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип