Во Скопје се одржа тринаесеттото издание на „Авицена женска трка“, која се трча на три километри, а организатори се Сојуз на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје. Годинава учествуваа околу 3000 припаднички на понежниот пол.
Дел од учесничките, традиционално, беа и студентки, професорки и вработени на Универзитетот „Гоце Делчев – Штип. Бројот на учеснички беше 34, а Бојана Костадиновска оствари одличен резултат, освојувајќи го второто место.
Спортскиот и културен центар на УГД продолжува со организирањето на учество на спортски и рекреативни настани, следно е учеството на Superior runs трката која по трет пат се организира во Штип на 27 април.