Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организира настан на тема „Вештачка интелигенција во функција на наставата“. Настанот ќе се одржи на 23 април 2025 година, со почеток во 12 часот, на Факултетот за образовни науки во Штип.
Обуката ќе ја води д-р Марина Василева-Конел, водечки ЕдТех СТЕМ стратег од Проектот на Азиската развојна банка во Единбург, Шкотска, Велика Британија.
Настанот е наменет за студенти и наставници, а ќе се дискутира за примената на вештачката интелигенција во образованието.
Не пропуштајте ја оваа единствена можност да дознаете повеќе за иднината на наставата!