Search
|     contact@ugd.edu.mk

(Видео) УГД потпиша Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи

Споделете

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), м-р Елена Петрова, денес потпиша Меморандум за соработка со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, за потесна соработка меѓу двете институции.

Соработката ќе се однесува на размена на знаења и искуства, како и пракса на студенти и работа на заеднички проекти.

„Со овој чин, како УЈП, покажуваме дека сме посветени на тоа да имаме отворени врати за новите генерации преку соработка со Универзитетите преку поддршка на студентските иницијативи и практични обуки. Целта е да создаваме нови генерации на компетентни млади луѓе кои ќе работат во сферата на јавните финансии“, изјави директорката на УЈП, м-р Елена Петрова.

Ова значи дека праксата и науката се спојуваат преку соработка во делот на јавните финансии и економијата. Ректорот на УГД истакна дека ова би можело да биде голема можност за сите студенти, а особено за студентите од Економскиот факултет.

„Верувам дека во рамките на вакви соработки и активности Универзитетот заедно со институциите од државата покажува и поголема транспарентност и посветен пристап до знаењето на нашите студенти коишто утре ќе бидат дел од овие институции“, изјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.