Search
|     contact@ugd.edu.mk

Дополнителен конкурс за ЕРАЗМУС+ програмата за студентска мобилност за студии и пракса за студенти од втор и трет циклус студии

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер  бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2022/2023 година почнувајќи од летен семестар
Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер  бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2022/2023 година почнувајќи од летен семестар и тоа за:

1. мобилност за студенти:

– студенти на втор циклус студии;

– студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.

Конкурсот е отворен за:

– 3 студентски мобилности за студии или пракса (во времетраење од 2 (два) до 3 (три) месеци)

Потребни документи за аплицирање:

  • ИЗЈАВА за искажување на интерес за учество во Еразмус+
  • фотокопија од индекс (прва страна);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик од училиште за странски јазици или Институт за јазици;
  • копија од други релевантни сертификати (опционално)

Предност ќе им биде дадена на апликанти кои што до сега немаат учествувано во Еразмус+ програмата.

Студентите треба да изберат партнер-Универзитет каде што рокот за номинација не е подоцна од 13 ноември.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Еразмус + канцеларијата или на портирница на Кампус 2 во коверт со назнака:

Одделение за меѓународна соработка (за Еразмус + конкурс)

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 1 ноември 2022 до 7 ноември 2022.