Се информираат студентите дека според календарот на активности за учебна 2021/2022 година во тек е рокот за заверка на парен семестар.
Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават проектните задачи за сите предмети и да ја имаат реализирано целата уплата за партиципација од тековниот семестар.
Согласно соодветните тарифници:
– за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019;
– за втор и трет циклус на студии, финансиската уплата за пријава на проектна задача изнесува 1000,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.