Се известуваат студентите од 2 и 3 циклус на студии дека со почеток од 20.5.2021, денес, електронскиот индекс е целосно пуштен во употреба. Сите детали за неговото користење се наведени во упатството прикачено во линкот Документи (во Вашиот профил). Неколку важни аспекти во продолжение:
- Ве потсетуваме да ја проверите состојбата со Вашите електронски индекси на линкот https://students.ugd.edu.mk, каде што е потребно да се најавите со Вашето корисничко име во формат Име.бројнаиндекс (Пр. janko.12345) и Вашата лозинка. За сите недоследности во досието или сите технички/административни прашања, Ве молиме обратете се на:
2 циклус на студии: katerina.hadzivasileva@ugd.edu.mk, marjan.markov@ugd.edu.mk, dimitar.ljubotenski@ugd.edu.mk, eindex@ugd.edu.mk
3 циклус на студии: saska.atanasova@ugd.edu.mk, sladzana.mitrovska@ugd.edu.mk, dimitar.ljubotenski@ugd.edu.mk, eindex@ugd.edu.mk
- Важно: Сите дописи поврзани со оваа проблематика испратете ги со поставување на сите погоре наведени адреси во To на е-поштата, во зависност од циклусот на студии.
- Важно: Овие дописи е потребно да се испратат од Вашата студентска е-пошта. Во спротивно, за да бидат земени во предвид, во subject е неопходно да внесете име презиме број на индекс факултет насока тип на проблем.
- Состојбата во Вашето досие мора да одговара на реалноста, за да можете да продолжите со студирање преку е-индекс. Следни важни активности се (задолжително ќе се прават преку е-индекс):
- Пријавување на проектни задачи за парен семестар во учебна 2020/2021 година;
- Заверка на парен семестар во учебна 2020/2021 година, и
- Пријавување на испити во претстојната (јунска) сесија.
- Сите активности (во иднина) до крајот на Вашето студирање ќе ги правите преку Вашиот профил на електронски индекс:
- Упис на семестар;
- Заверка на семестар;
- Пријавување на проектни задачи и испити;
- Поднесување на најразличен тип на барања од студент;
- Постапка за магистрирање и докторирање, и
- Електронско плаќање на Вашите трошоци за студирање.
- Сите средства кои до овој момент се уплатени од Ваша страна се искористени во системот. За ситуации различни од ова (Ваши актуелни долгови или претплата), Ве молиме контактирајте со Вашите советници во одделението за студентска архива.
Важно: За сите понатамошни активности поврзани со оваа категорија на студенти, ги охрабруваме и оние кои магистрирале/докторирале во меѓувреме, да ги проверат своите податоци и да реагираат на наведените адреси во насока на корекција на нивните податоци. Само така истите непречено ќе бидат дел од сите суштински и статистички операции и активности (АЛУМНИ клуб итн.) кои со сигурност ќе го засегаат нивното професионално дејствување во иднина.