Ве информираме дека е реализирана ретроактивна обработка на податоците на студентските досиеја на втор и трет циклус на студии во е-индекс, со што се обработени во електронска форма сите активности на студентите до овој момент (семестри, предмети, пријави/оценки, уплати и останати податоци).
Поради оваа причина Ве информираме дека можете да извршите проверка на Вашите податоци на е-индекс со најава на линкот https://students.ugd.edu.mk/ на следниот начин:
– Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)
– Лозинка: Вашата тековна лозинка на УГД (за новите студенти, иницијалната лозинка е во формат: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.
Доколку имате проблем со лозинката истата можете да ја промените на начинот објаснет на следниот линк
За сите недоследности во врска со вашите податоци во е-индекс можете да ги контактирате референтите:
- Втор циклус на студии:
- Катерина Хаџи-Василева, е-маил: katerina.hadzivasileva@ugd.edu.mk, тел: 032 550 076,
- Марјан Марков, е-маил: marjan.markov@ugd.edu.mk, тел: 032 550 061,
- Трет циклус на студии:
- Сашка Атанасова, е-маил: saska.atanasova@ugd.edu.mk, тел: 032 550 850.
Оваа фаза на проверка на податоците е претходник на наредната – целосно пуштање во функција на електронскиот индекс за 2 и 3 циклус на студии (електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување и оценување на испити, електронско поднесување на барања и процедура за магистрирање / докторирање).