Search
|     contact@ugd.edu.mk

Маја Дејаноска-Алчевска – Факултет за медицински науки, Општа медицина

Клучна предност во текот на студиите беше тоа што имавме можност да бидеме вклучени во различни проекти и настани, да даваме сопствени идеи и истите да бидат реализирани од страна на Факултетот
Споделете

Име и презиме: Маја Дејаноска-Алчевска
Факултет и студиска насока: Факултет за медицински науки, Општа медицина
Тековна професија: Доктор по општа медицина
Место на вработување: ПЗУ Амбуланта-2 , Битола
Животно мото: Unusquisque suae fortunae faber est (Секој е ковач на сопствената среќа)
Позиција на која работам денес: Доктор по општа медицина во ПЗУ Амбуланта-2, Битола
Мојот рецепт за успех се состои од: Желба, упорност, истрајност, посветеност.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Најголем предизвик ми беше моето долгогодишно студирање на Факултетот за медицински науки. Промената на местото на живеење и организацијата на времето.

Со УГД се дружев: 6 години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Отсекогаш сум сакала да студирам медицина, бидејќи сметам дека медицината е благородна професија.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Клучна предност во текот на студиите беше тоа што имавме можност да бидеме вклучени во различни проекти и настани, да даваме сопствени идеи и истите да бидат реализирани од страна на Факултетот. Да не ја изоставиме можноста што ја имавме за стекнување на дополнително искуство во практичната настава.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Со мојата пракса во првите три години од студирањето во Клиничка болница – Штип, потоа во Ковид-19 пандемијата продолжив практично да се надградувам во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, активно учествував и за време на вакцинацијата против Ковид-19 пандемијата во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола, а останатиот дел од праксата во ПЗУ Амбуланта 2.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Низ моето студирање запознав голем број доктори, извонредни професори кои несебично го споделуваа своето искуство, а особено искрените совети упатени кон нас студентите.  Сите тие луѓе придонесоа да се осознаам себеси, што всушност учам и што ќе бидам. Секако тука сакам да споменам дека мојот најголем мотиватор и сопатник во текот на студиите е мојот тогашен колега, а сега и сопруг Кристијан, како и моите родители.
Книга или настан од студентските денови кој засекогаш ќе го паметам: Книга која секогаш ќе ја поврзувам со моите студии е „Медицинска физиологија“ од Гајтон и книгата „Никој не рече дека ќе биде лесно“ од Коста Петров.

Мудрост споделена од професор на предавања која ми остави најголем впечаток во животот: Впечаток ми оставија предавањата на професорот Џенгис Јашар, професорот Васо Талевски, професорката Радица Грубовиќ-Растворцева и професорката Билјана Поповска-Илиевска, која за жал повеќе не е меѓу нас.

Книга, видео, поткаст или настан кој би им го препорачал на другите: Книга која би им ја препорачала на идните и сегашни студенти е „Принципи на интерната медицина“ на Харисон. Поткаст „Everyday Emergency: The MSF podcast“ и филм кој би го препорачала „Something the Lord Made – Peter Silverman“.

Совет за младите како идни студенти: Најбитно е да научите како да учите. Создавајте асоцијации, поврзувајте ги работите меѓу себе. Континуирано совладувајте ја материјата, активно посетувајте ги предавањата, фаќајте ситни белешки, посетување на практична настава.

За повеќе информации за можностите кои ги нуди УГД, посетете ја нашата веб-страница: https://www.ugd.edu.mk

Повеќе успешни приказни од студентите на УГД може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/studenti

Детални информации за студиската насока и Факултетот се достапни на следниов линк: https://fmn.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2017-2018/opsta-medicina-strukturna.pdf

Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka